Полицијата со детали за автомобилот што вчера падна во Вардар

од desk2
98 прегледи

Граѓанин вчера во полиција пријавил дека видел како возило со запалени светла пловело по река Вардар од мостот кај булевар „Гоце Делчев“ кон Камени мост.

Полицијата денеска со официјални детали пренесува дека возилото застанало кај Градски трговски центар.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека се работи за патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 47-годишната В.П.

Истото со влечна служба е извадено од реката.