259
Полицијата во Германија денеска соопшти дека открила повеќе од 110 опасни змии на фарма, кога жена која живеела таму побарала лекарска помош по каснување.
35-годишна жена рано утринава со автомобил се упатила во болница во Салцгитер во близина на Хановер и на лекарите им кажала дека една од змиите ѕвечарка ја каснала за прстот.
Бидејќи нејзината состојба се влошувала, а властите веднаш нарачале противотров од специјализиран институт во Хамбург, полицијата отишла на фармата во централна Германија и пронашла десетици змии.
Полицијата соопшти дека експертите откриле дека збирката на змии вклучувала видови кои биле отровни и кои стегаат и дека не биле сместени во соодветни терариуми.
Полицијата ги конфискувала сите змии.