Полицијата во Шпанија уапси 11 руски државјани

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Шпанската полиција уапси 11 руски државјани под обвинение за членство во криминална група која се занимава со перење пари, соопштија шпанските власти, пишува електронска издание на руското издание “Взгляд”, цитиран од “Фокус”.

Меѓу уапсените е и Александар Гринберг, сопственик на фудбалскиот клуб Марбелја. Според властите Гринберг го користел тимот за перење пари, а можно е  да станува збор за сума која достигнува 30 милиони  евра. За време на акцијата, полицијата заплени и одредена количина дрога.