219
Мезе од варени јајца.
Состојки:
(за 10 лица)
– 20 варени јајца
– 1,5 дл јогурт
– 1/2 лажичка кари во прав
– сол, по вкус
– 1/2 китка свеж магдонос
Подготовка:
Варените јајца исечете ги на половина, жолчките одделете ги во посебен сад, а белките наредете ги во чинија.
Во жолчките додадете: сол, јогурт, кари и магдонос. Сè убаво измешајте и наполнете ги со лажица половините од белките.