Состојки:
– 8 компири
– 200 гр печурки
– 1 главица кромид
– 100 гр кашкавал
– магдонос
– лук
– сол, бибер
– 1 лажичка сув билен зачин
– бешамел сос
Подготовка:
Одберете компири со иста големина, излупете ги и сварете ги до пола.
Кога ќе се до половина сварени, исечете ги по должина и внимателно издлабете ја средината која подоцна ќе ја наполните со смесата од печурките.
Кромидот ситно се сечка, се става во масло, се динста додека малку да порумени, па се додаваат сечканите печурки и се пржат додека не се готови.
Посебно, направете го бешамел сосот како што обично го правите (путер, брашно, млеко).
Во сè уште топлиот бешамел сос додајте рендан кашкавал, динстаните печурки, сол, бибер, магдонос и лук во количини по желба, а потоа додадете една лажичка зачин од суви билки.
Со таа смеса наполнете ги издлабените компири, наредете ги во плех и печете на 180 степени околу 20 минути, само колку да добијат убава боја.