Полнето бело пилешко месо

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– бело месо

– кашкавал

– сенф

– сол, бибер и други зачини по желба

– лук

– малку брашно

Подготовка:

Исчукајте го белото месо, не многу тенко и валкајте го во сенф и зачини по желба од сите страни.

Врз секое ставете по парче кашкавал и затворете со чепкалка за заби.

Преку месото на кое има сенф ставете малку брашно.

Се пржат на врело масло, прво само кратко од едната страна додека не побели, па од другата страна, па продолжуваме со пржењето.

Додадете ситно сечкан лук во средината и продолжете со пржење на месото со минимално додавање вода.

Слични содржини