Половина Црногорци живеат во сиромаштија

од Vladimir Zorba
78 прегледи

53 000 Црногорци живеат под прагот на сиромаштијата. Овие податоци ги објави  невладината организација од  Подгорица , “Хранителна банка”.

crnogorci

“Речиси половина од црногорското население живее во сиромаштија. Едно просечно црногорско семејство има 3,2 лица, а просечната вработување во семејствата е 1.2 лица, што значи дека овој дел од населението спаѓа во сиромаштија”, соопштија од здружението. Од таму прецизираа дека просечната плата покрива само половина од потребните месечни трошоци на семејствата.

“Во моментов официјално има 48 000 невработени. Една третина од нив се со високо образование. Во земјата има 30 000 пензионери, чија пензија не go поминува апсолутниот праг на сиромаштија , кој  изнесува 186 евра”, прецизираа уште од невладиниот сектор.