Половина од онлајн корисниците сметаат дека покривањето на веб-камерата на нивниот уред им ја штити приватноста

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Покривањето на веб-камерата на дигиталните уреди помага да се зачува приватноста на онлајн корисниците, веруваат 49 отсто од нив, а речиси половина од нив, поточно 44 отсто, играат онлајн мини-игри и прават тестови за забава, ги испраќаат своите лични информации до недоверливи извори да пристапат до овие игри и ги објавува нивните резултати на социјалните мрежи.

На овој начин тие ги вклучуваат и своите пријатели во оваа невнимателна пирамида на споделување податоци, соопштија од компанијата Kaspersky, која го спроведе истражувањето „Возбуда, лажни верувања и голема неизвесност – Како глобалните потрошувачи се вклучени во дигиталниот свет“.

Резултатите од истражувањето покажаа и дека половина од сите корисници стравуваат дека гласовните асистенти постојано прислушуваат и собираат лични податоци.

Како одговор, речиси една третина од испитаниците, или 28 отсто од нив, прибегнуваат кон префрлување на нивните уреди во „авионски режим“ за време на важни приватни разговори.

Во исто време, 40 проценти од корисниците погрешно веруваат дека активирањето „инкогнито режим“ ги прави целосно невидливи на интернет.

Покрај тоа, 24 проценти се подготвени да кликнат на непознати врски во апликациите за комуникација, што потенцијално ја загрозува нивната безбедност.

Слични содржини