Владата на Полска го подигнува нивото на борбена готовност на одредени армиски единици како одговор на експлозијата во близина на нејзината граница со Украина, објави владиниот портпарол Пјотр Милер.
Милер на синоќешната прес-конференција во Варшава изјави дека две лица загинале во експлозија на границата со Украина, пренесува „Гардијан“.
Портпаролот на Владата рече дека владата размислува дали да го активира членот 4, што би значело одржување на состанок на членките на НАТО откако „територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста“ на Полска е загрозена.