Полска во понеделник соопшти дека кренала борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор поради руските напади врз Украина.
„Во врска со активноста на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, која извршува напади на украинска територија, авиони на полските воздухопловни сили и сојузничката авијација дејствуваат во полскиот воздушен простор“, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили, објави Ројтерс.
Руските сили извршија серија напади низ Украина во текот на ноќта, предизвикувајќи голема материјална штета и повредувајќи најмалку 12 цивили.