Полска гради ограда на границата со Калининград – Русија нуди градежен материјал

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов ѝ понуди на Полска градежен материјал за изградба на ѕид на границата со Русија.

– Мислам дека, земајќи ја предвид цената на гасот, печењето тули во Полска е многу скапо, но имаме одлична фабрика „Петти елемент“ во Краснознаменск и подготвени сме да им продадеме градежни материјали, доколку е потребно. И со мал попуст – ироничен е Алиханов.

Гувернерот го привлече вниманието на зборовите на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, кој мерките за зајакнување на граничната безбедност ги објасни со тоа што аеродромот Храброво во Калининград е отворен за летови од Блискиот Исток и Африка. Според Алиханов, ова е „нездрава параноја на некои Полјаци“.

Гувернерот додаде дека дури и за време на Светското првенство во 2018 година, кога во регионот имаше многу посетители од Африка, немаше миграциска закана за Полска.

– Тоа беа изолирани случаи, на измамени поединци од Нигерија, од Мароко, на кои им беше кажано дека ова е најлесниот начин да се стигне до Европа, летаат до Калининград, а оттаму се обидуваат некако да ја преминат границата пеш. Од наша страна одамна има ѕид. Не може само да се дојде до Полјаците – објасни тој.

Полските власти почнаа да подигнуваат бодликава жица на границата со Калининградската област на почетокот на ноември, а минатата недела најавија дека на неа ќе додадат електронска бариера.

Слични содржини