Полска испрати предупредување до Украина: „Не создавајте близок сојуз со Германија“

од Stefanija Kuzmanovska
430 прегледи

Полскиот премиер ја предупреди Украина да не формира близок сојуз со Германија, додека односите меѓу двете нации се затегнати, пишува Sky News.

Матеуш Моравјецки го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „многу несоодветни зборови“ во ОН, откако тој рече дека полската забрана за украинското жито ќе ѝ помогне на Москва, објави „Укриниформ“.

Моравјецки рече дека „ќе го заштити полското земјоделство од украинските агроолигарси“.

„Разбирам дека тој (Зеленски) сега мисли дека ќе има близок сојуз со Германија. Ве предупредувам дека Германците секогаш ќе се обидуваат да постигнат разбирање со Русите преку главите на централноевропските земји“, наведе Моравјецки.

 

„Полска прими неколку милиони Украинци, Полјаците ги примија Украинците под покривот, а ние најмногу помогнавме кога Германците сакаа да испратат 5.000 шлемови во опколениот Киев. И тоа не треба да го заборавиме, господине претседателе Зеленски“, рече полскиот премиер.

Слични содржини