Полска ја обвини Белорусија за нарушување на воздушниот простор, информиран е и НАТО

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Полска во вторникот испрати свои војници на границата со Белорусија, откако ја обвини земјата за нарушување на нејзиниот воздушен простор со прелет на хеликоптер.

Белорусија, инаку најблискиот сојузник на Русија, негираше какво било такво прекршување и ја обвини Полска, членка на НАТО, еден од најверните поддржувачи на Украина во нејзиниот конфликт со Русија, дека го фабрикува обвинението за да го оправда трупањето на своите војници на границата, објави Ројтерс.

Полското Министерство за одбрана извести дека испратило дополнителни сили, вклучително и напаѓачки хеликоптери, дека го известила НАТО за прекршувањето на границата и дека белорускиот вршител на должноста во Варшава бил повикан да даде објаснување. На почетокот полската армија го негираше инцидентот, но по консултации потврди дека повредата на воздушниот простор се случила „на многу мала надморска височина, тешко забележлива со радар“. Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека Полска го променила својот став по „консултација со своите господари во странство“, јасно алудирајќи на САД.

Жителите на областа над каде се случи инцидентот споделија објави на социјалните мрежи за прекршувањето на границата пред полското Министерство за одбрана да испрати соопштение.

Слични содржини