Полска не го сака еврото?! „Локалната валута ни помогна да ја избегнеме рецесијата“

од Илинка Илиоска
177 прегледи

Полскиот министер за финансии Андреј Домански денеска изјави дека Полска не е подготвена да почне да ја користи валутата евро.

Домански рече дека верува оти нивната валута, полската злота, и помогнала на Полска да ја избегне рецесијата за време на глобалната финансиска криза, пишува АП

Полска е меѓу десетте земји кои се приклучија на Европската унија на 1 мај 2004 година. Тогаш ветија дека ќе престанат да ги користат нивните национални валути и ќе се приклучат на еврозоната..

 

 

Слични содржини