Полска од петок го обновува транзитот на украинско жито низ нејзината територија

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Полска се согласи од петок да го обнови транзитот на украински жита преку полска територија, изјави денеска полскиот министер за земјоделство Роберт Телус и нагласи дека транзитите ќе бидат запечатени и надгледувани.

Зборуваше и полскиот министер за развој Валдемар Буда, кој рече дека забраната за увоз на украински прехранбени производи во Полска останува на сила, пренесе Ројтерс.

Откако Полска, Унгарија и Словачка објавија дека забрануваат увоз на украински житарки, а Бугарија размислуваше за слична одлука, Брисел се најде под притисок да изработи сет мерки кои ќе се применуваат во цела Европска унија.

Слични содржини