Полска по одлуката на Газпром: Русија сака да нѐ казни, ќе ги обезбедиме домаќинствата

од Nikola Popovski
221 прегледи

Руски Газпром ја извести Полска дека од среда ќе остане без руски гас бидејќи ја прекинува испораката преку гасоводот Јамал, потврди денеска полската компанија PGNiG. Полскиот премиер и министерката за клима вечерва соопштија дека Полска е подготвена за тоа.

„Подготвени сме за целосен прекин на испораките на руски суровини. Ова се однесува и на јагленот и на гасот од Русија. 86 отсто од капацитетот на нашите складишта за гас е моментално исполнет. Стратегиите за диверзификација што ги направивме ни овозможуваат да се чувствуваме безбедно“, изјави министерката за клима Ана Москва.

Премиерот Матеуш Моравјецки, кој престојува во Берлин, на прес-конференција рече дека Полска е свесна дека и снемува гас од Русија.

„Добивме закани од Русија, од Газпром. Тие се поврзани со начинот на плаќање, Полска го почитува договорот, па Русија можеби сака така да не казни на овој начин. Полска веќе се подготви за диверзификација на испораките на гас. Ние сме во состојба да ги обезбедиме домаќинствата“, рече премиерот Моравјецки.

Премиерот потсети дека Полска е поврзана со интерконектори со гасоводи во Германија и Чешка, а во Свинојшие има и терминал за мазут, кој може да прима поголеми количества течен гас.

Полската влада смета дека нема да има проблеми со снабдувањето со гас без рускиот преку гасоводот Јамал ​​до есен, до кога треба да биде завршен и пуштен во употреба Балтичкиот гасовод од Норвешка.

На полската влада и е соопштено дека нејзината земја од утре ќе престане да добива гас од Русија. Одлучено е затоа што одбиле да му платат гас на Газпром во рубљи. Истото го пренесува АФП, повикувајќи се на PGNiG, најголемиот снабдувач на гас во Полска.

Испораката ќе биде прекината утре во 8 часот по средноевропско време. „Гардијан“ наведува дека кон оваа руска одлука помогнала одлуката на Полска да воведе санкции за 50 руски компании и поединци, вклучувајќи ја и најголемата руска компанија за гас.

Фото: Profimedia

Слични содржини