Полска подигна борбени авиони поради закана од руски ракети

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина на Божиќ наутро според Грегоријанскиот календар.

Ова го објави Киев Индепендент, наведувајќи дека мети на ракетите и беспилотните летала се градови низ земјата.

Североисточниот град Харков, вториот по големина во Украина, е меѓу најтешко погодените.

Локалните власти соопштија дека Харков бил под „масивен ракетен оган“ од балистички ракети, а најмалку тројца цивили биле повредени.

Се наведува дека експлозии биле регистрирани и во Днипро, Кременчук и Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и во Ивано-Франковск на западот на земјата.

Поради нападот во многу градови во Украина е исклучена струјата.

Воздухопловните сили на таа земја соопштија дека во текот на ноќта полетале руски стратешки бомбардери Ту-95, а подоцна било констатирано дека од областа на Црното Море биле лансирани голем број крстосувачки ракети Калибар.

Оперативната команда на вооружените сили на членката на НАТО, Полска соопшти дека подигнала борбени авиони како одговор на заканата од руските ракети во западна Украина.

Олех Синјехубов, гувернер на Харковската област, објави дека во градот одекнале серија експлозии откако украинските воени авиони предупредија дека Русите истрелале балистички ракети кон него.

Слични содржини