Полска: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е еден од приоритетите

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, по повод 19-годишнината од влезот на неговата земја во Европската унија изјави дека еден од четирите приоритети за Полска е да постигне проширување на Унијата кон Западен Балкан и Украина, пренесува агенцијата „Бета“.

„Ние сме застапници на политиката на отворени врати. Затоа ги гледам земјите од Западен Балкан. Сакам да истакнам дека тоа се држави, тоа се народи, тоа се општества кои со години чекаат да станат дел од европската заедница. Конечно треба да се постигне тоа“, рече полскиот претседател во Варшава во специјалното обраќање до медиумите по повод годишнината.

Во заедничкото обраќање со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Дуда рече дека Полска многу добро знае како е да чекаш години за да влезеш во слободниот западен свет.

„Затоа верувам дека не другите, туку ние, Полска, мора да зборуваме силно и гласно: тие треба да бидат примени во ЕУ, земјите од Западен Балкан да бидат примени. И денес, историско барање, апсолутно барање на моментот е прием на Украина во ЕУ“, рече Дуда.

Слични содржини