Голем број полски безбедносни сили го чуваат затворен граничниот премин Брегзи од илјада мигранти. Конфликтот е почнат.
Според информации на терен, мигрантите почнале да ја сечат жицата додека со камењафрлаат кон полските припадници на безбедносните сили. Полска, пак, со водени топови пука врз мигрантите, а фрлени се и неколку димни бомби.
Не е познато кој прв започна, бидејќи извештаите се контрадикторни. Известувач на агенцијата ТАСС се јави во текот на обид за пробој на бегалците на полска страна, а се слушнаа и спорадични истрели од огнено оружје.
РТ наведе дека полската полиција користи солзавец и пука со водени топови, а мигрантите се обидуваат да ја пробијат оградата, гаѓајќи ги полицајците со камења.
На видеоснимката се слуша како некои од нив извикуваат “Алаху акбар“. Наводно, еден од мигрантите е повреден.