201
Полска ќе распореди американски повеќецевни ракетни фрлачи „Химарс“ во близина на границата со руски Калининград, изјави министерот за одбрана на земјата за време на церемонијата на положување заклетва на полските војници.
„Веќе оваа година, 16-та механизирана дивизија (распоредена недалеку од границата со регионот Калининград) во својот арсенал има американски ‘химарси’. Тоа е дивизија нарачана во 2019 година. Како што знаете, Конгресот на САД ја одобри нашата нарачка за 500 ракетни фрлачи“, рече Блашчак.
Да потсетиме, Полска најави дека во блиска иднина ќе испорача авиони МиГ-29 на Киев.