Полска се заканува: Ќе ги искористиме „сите средства“ доколку ЕУ не ги одмрзне фондовите

од Nikola Popovski
241 прегледи

Национално-конзервативната влада на Полска значително ја заостри својата реторика во конфликтот со Брисел за владеењето на правото, заканувајќи се дека ќе ги искористи „сите средства“ против Европската комисија (ЕК) и доколку е потребно ќе изгради коалиција за замена на нејзиниот претседател, пишува Гардијан.

-Ако извршната власт на Европската унија (ЕУ) „се обиде да не турне до ѕидот, нема да имаме друг избор освен да го извадиме целото оружје од нашиот арсенал“ и да одговориме „око за око“, рече Кшиштоф Соболевски, генерален секретар на владејачката Партија на правото и правдата.

Соболевски изјави за полското државно радио дека доколку ЕК не ослободи 35 милијарди евра за помош поради пандемијата на коронавирусот, Варшава ќе покрене судска постапка против Брисел, ќе стави вето на иницијативите на ЕУ и ќе формира сојуз кој ќе ја замени Урсула фон дер Лајен и нејзиниот колегиум на комесари.

Брисел бара од Полска да направи серија „пресвртници“ за владеењето на правото пред да се отклучат грантови и заеми, наведува Гардијан.

Слични содржини