Полска започнува лотарија со највисока награда вредна дури 273 000 долари со цел да го охрабри населението да се вакцинира против ковид-19.
Помошникот министер за здравство задолжен за програмата за имунизација Михаил Дворзик изјави денес дека и покрај фактот дека 69 проценти од Полјаците изјавиле дека сакаат да бидат имунизирани, најголемиот предизвик е да се спроведе, и дека лотаријата чија најголема награда вреди еден милион злоти сè уште е една дополнителна мерка во тој поглед.
„Ние спроведуваме рекламна кампања во која вклучивме спортисти, актери и други влијателни лица, и покрај тоа воведуваме лотарија како дополнителен поттик“, рече Дворак на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Натпреварот ќе биде спонзориран од државни компании и Националната полска лотарија „Тотализатор Спортови“, а секое 2.000 вакцинирани лица кои учествуваат на лотаријата ќе освојат 500 злоти, а двајцата најсреќни учесници ќе освојат еден милион злоти и хибриден автомобил.
Локалните самоуправи се охрабруваат и преку конкуренција да постигнат повисоки стапки на вакцинација, а првите 500 кои достигнуваат стапка од 75 проценти добиваат 100 000 злоти.
Оваа иницијатива на полската влада беше критикувана од опозициските политичари, кои ја нарекоа тајно купување гласови.