Полска утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии – надворешна, внатрешна, економска, информативна, енергија, храна и здравје.

Мотото на претседателството ќе биде „Безбедност, Европа!“ што, како што рече претходно полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, ги одразува актуелните предизвици со кои се соочува континентот.

Полска го презема претседавањето со Советот на ЕУ во време на неизвесност и загриженост, според програмата на ова претседателство, во која се споменува и поддршка за проширување на ЕУ засновано на заслуги.

Слични содржини