Полската книжевна ѕвезда Мира Марќинув доаѓа во Скопје

од Aneta Risteska
10 прегледи

На 13 февруари (четврток), во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, со почеток од 19 часот, ќе гостува полската книжевна ѕвезда Мира Марќинув, по повод промоцијата на македонското издание на нејзиниот роман.

Во издание на ТРИ, првиот роман на Марќинув – „Безматичник“ е преведен од полски на македонски јазик од проф. д-р Лидија Танушевска.

Промоторка на настанот ќе биде книжевната проследувачка Наташа Атанасова, која во разговор со Марќинув ќе влезе во острата и сурово збунувачка книжевна реалност, слична на пчеларник без матица.

Напишан на жив, современ јазик, „Безматичник“ може да се чита и како таговна бајка за љубовта меѓу мајката и ќерката, но и за животот на ќерката без мајка.

„Си живеела една девојка без мајка и без нокти, односно принцеза на Дизни.“

Марќинув (1985) е писателка и филозофка, доктор по хуманистички науки и психологија на Јагелонскиот универзитет во Краков, доцент на Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науките. Работи во Одделението за логика и когнитивни науки на Институтот за филозофија и социологија при Полската академија на науките. Авторка е на повеќе трудови: за историјата на полската психијатрија, за меланхолијата, за историјата на идеите, за книжевното лудило, за танцувањето и за животинската психопатологија. Се занимава со филозофија на психијатријата и теоријата на лудилото, со посебен осврт на полското наследство.

„Безматичник“ е нејзин прв роман. Во 2020 година за него ја добила годишната награда за литература што ја доделува списанието „Политика“.

Слични содржини