Полски министер: Наша обврска е да ги собориме руските ракети кои се упатуваат кон нас додека се уште се во Украина

од Nikola Popovski
32 прегледи

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски апелираше до членките на НАТО да ги соборат руските ракети кои би можеле да влезат на нивна територија додека се уште се во Украина, наведувајќи дека тоа е оправдана самоодбрана и уставна обврска.

„Членството во НАТО не ги ослободува членките од обврската да го заштитат својот воздушен простор, тоа е наша уставна обврска. Јас лично сметам дека би било оправдана самоодбрана доколку ракетите одат во правец на нашиот воздушен простор, бидејќи кога ќе ја преминат границата постои голем ризик некој да биде повреден од парчиња од ракетата“, изјавил Шикорски во интервју за британскиот весник Financial Times.

Иако таргетирањето на руските цели во воздушниот простор на Украина се заканува да го вовлече НАТО во војна со Русија, предлогот беше изнесен од украинските власти веќе некое време, но полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш веќе неколку пати го отфрли.

Полјаците поддржуваат соборување на руски ракети или неидентификувани објекти како што се беспилотни летала, но само ако тие навлезат на полска територија, иако премиерот Доналд Туск исто така ја пофали армијата што е воздржана и не безумно соборува се што лета во Полска.

Според анкетата на полскиот весник „Žeczpospolita“, 58 отсто од Полјаците се изјасниле дека полската противвоздушна одбрана треба соборува авиони и проектили кои би летале во Полска за време на руските напади врз цели во Украина, дури и кога војската не е сигурна дали објектот е цивилен.

Спротивно на тоа, полскиот премиер Туск ја пофали воздржаноста на војската да не го собори дронот кога минатата недела полета од Украина во Полска, 25 километри длабоко во нејзината територија, бидејќи временските услови не дозволуваат сигурна идентификација.

Тој авион сè уште беше следен од три полски радари во Украина, но потоа исчезна, а армијата и територијалната одбрана оттогаш безуспешно го бараат.

Слични содржини