249
Полскиот министер за државен имот Јацек Сасин денеска изјави дека Украина не ја повикала Полска на Меѓународниот форум за одбранбена индустрија минатата недела.
„Полската група за вооружување (ПГЗ) не беше повикана. Ниту една полска компанија не присуствуваше на настанот“, изјави Сасин за радио ЗЕТ, додавајќи дека неодамна видел серија непријателски гестови од Украина, пренесува „Еурактив“.
Тој изрази загриженост дека сегашното однесување на Украина произлегува од перцепцијата на Киев дека е подобро да се застане на страната на Германија за време на предизборната кампања во Полска и да се избегнува премногу блискост со полската владејачка партија.