Полскиот политичар Јарослав Качињски предизвика гнев во јавноста со своја изјава.
Качињски, шеф на владејачката партија Право и Правда (ПиС), рече дека причината за нискиот наталитет е тоа што жените пијат, пишува агенцијата ДПА.
Левицата во понеделник најави дека ќе поднесе жалба до етичката комисија на Собранието.
Просечната стапка на наталитет во Полска во 2020 година беше 1,4 деца по жена. Во Германија е 1,5, а во Франција 1,8.
„Доколку девојките, младите жени, пијат како нивните машки врсници до 25-годишна возраст, тогаш нема да има деца повеќе“, рекол 73-годишниот политичар, пренесе агенцијата ПАП.
Качињски тврди дека и мажите би ги сметал за алкохоличари доколку прекумерно пијат 20 години, додека параметарот за жените го поставува на две години. Политичарот на опозициската левица Роберт Бидрон смета дека овие изјави се „срамно“.