Полските безбедносни служби приведоа 19-годишен студент под сомнение дека барал контакти со терористичката група Исламска држава и под обвинение за подготовка на напад на божиќен пазар со повеќе жртви, објави Ројтерс.
Матеуш В., студент на Католичкиот универзитет во Лублин, сакал да изврши напад со експлозиви и планирал да се приклучи на терористичка организација, изјави Јацек Добжински, портпарол на полските безбедносни служби.
„Човекот бил фасциниран од исламот, се обидел да воспостави контакт со Исламската држава и подготвувал напад во Полска“, изјави Добжински на прес-конференција.
Тој не прецизираше во кој град ќе се случел нападот „за да не се создаде паника“.