236
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја повика ЕУ да воведе целосна забрана за трговија со Русија.
Моравјецки вели дека „трговската блокада“ по море и копно треба да се направи „што е можно поскоро“, пишува Ројтерс.
„Целосен прекин на руската трговија дополнително ќе ја принуди Русија да размисли дали би било подобро да се запре оваа сурова војна“, рече тој.
Од друга страна, шефот на „Дојче банк“, Кристијан Севинг изјави дека не треба прерано да и се воведат дополнителни санкции на Русија поради негативните последици за германската економија, пренесе „ДПА“ во саботата.