Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја претстави својата визија за иднината на Европа во говор на Универзитетот Хајделберг во Германија и ја нагласи улогата на суверените национални држави во однос на европската федерација.
„Ништо нема подобро да ја заштити слободата на народите, нивната култура, нивната социјална, економска, политичка и воена безбедност од националните држави. Другите системи се илузорни или утопија“, рече Моравјецки и предупреди на понатамошна федерализација на ЕУ, пренесе Еурактив.
Според извештаите, конзервативната полска влада била на првата линија за поддршка на Украина против Русија и отсекогаш била про-НАТО, но кога станува збор за процесот на европска интеграција, таа изразила сомнеж во продлабочувањето на институциите на ЕУ.