Полугола и нашминкана, Албана снимила „дрзок“ спот во храм на СПЦ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
360 прегледи

Полугола, нашминкана, потпрена на столб и со една свиткана нога, пејачката Албана Азизи од Швајцарија, со албанско потекло, снимила спот во храмот на Свети Никола во близина на Приштина, наведуваат српските медиуми.

Овој спот на РТК се емитува во ударни термини, а освен голотија, има и кадри во кои Албана придружена од повеќе девојки, во албански традиционални носии, ја промовираат новата песна. Слично пред неколку години постапи и популарната Ера Истрефи, која сними провокативен спот во храмот на Христос спасителот во центарот на Приштина.

Од страна на СПЦ оваа постапка беше осудена како „бессрамно сквернавење на светите објекти на СПЦ и српското културно наследство на Косово и Метохија“.

Наводно, за снимање на овој спот не била побарана дозвола од верските заедници на Србија и Косово.

Слични содржини