Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека вториот масовен бојкот на маркетите резултираше со пад на прометот за 22,12% во осумте големи синџири на маркети во Македонија. Во споредба со претходниот петок, кога се одржа првиот бојкот, кога прометот опадна за 46,59%, овој пат се забележа помал пад.
Според УЈП, при анализирањето на падот на прометот, треба да се земат предвид различни фактори кои влијаат на потрошувачките навики. „Голем дел од граѓаните примаат плати и пензии на почетокот од месецот, што може да создаде промени во нивното потрошувачко однесување“, се посочува во соопштението.
На 6 февруари 2025 година, системот за регистрирање готовински промет забележал вкупен промет од 232.791.773 денари, додека на 7 февруари истиот систем евидентирал промет од 181.288.348 денари.