Позицијата на германските производители на автомобили се влоши во мај, покажува најновото истражување на минхенскиот институт за економски истражувања Ifo.
Показателот за мерење на деловното опкружување на индустријата во мај е намален од сезонски прилагодени -2,4 поени на -8,6 поени во однос на април.
„Одговорот на Кина на трговскиот конфликт со САД и Европа околу електричните автомобили може да има сериозни последици за бизнисот на германските производители на автомобили“, рече Оливер Фалк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии Ifo.
Показателот за моменталните услови за производителите на автомобили падна на негативна територија за прв пат од октомври 2022 година.
Производителите и добавувачите исто така не се оптимисти за изгледите на индустријата. Индикаторот за заработка падна на -17,8 поени откако беше -2,0 поени во септември. Компаниите имаат намера да ги намалат трошоците со отпуштање вработени, индикаторот за овие намери падна од -14,7 поени во април на -20,2 поени.