Помала побарувачка за квалификувани работници во Германија поради слабата економија

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Во моментов во Германија има помала побарувачка за квалификувани работници поради послабата економска ситуација во земјата, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Според последното истражување, приближно 28,3 отсто од германските компании пријавиле недостиг на квалификувана работна сила, што е намалување од 31,9 отсто во октомври.

Побарувачката за квалификувани работници во Германија е послаба, што значи дека нивниот недостиг во моментов не е толку итен проблем, коментира директорот за истражување на ИФО, Клаус Вохрабе.

Слични содржини