Помалку од 1% од компјутерите во светот во 2016 ќе можат да ги користат најновите очила за виртуелна реалност. Тоа го соопштија од технолошката компанија “Енвидиа”, цитирани од БиБиСи.
Само 13 милиони луѓе во светот ќе ги имаат потребните графички капацитети за претстојните иновации во технологијата, а се очекува таа бројка да достигне до 100 милиони во 2020 година.
Различни форми на виртуелната реалност одамна се достапни за корисниците дури на паметните телефони, потсетуваат од британската јавна медиуми, но само носители на моќни персонални компјутери ќе имаат пристап до услуги како очилата “Oculus Rift”, кои ќе бидат претставени од “Фејсбук”.
Таквите очила создаваат опкружување на корисникот во димензионална интерактивна средина која реагира на присуството и активностите и може да биде испитана од страна на корисникот. Се очекува продуктаот на “Фејсбук”, како и конкурентни технологии на компании како “HTC” да бидат претставени до пролет. Достапноста на технологијата сепак е намалена.
Главниот бизнис менаџер на производителот на Видео картици “Енвидија” Џејсон Пол потсетува дека генерацијата на активна опкружувачка средина бара 7 пати повеќе ресурси од традиционалните тродимензионални апликации и игри.
Очилата “Oculus” ќе бараат доста моќни графички акцелератори како “Nvidia GeForce 970” или “AMD Radeon 290”. Во последниве години, сепак технолошкиот пазар промовираше домашни решенија, кои имаат за цел помали димензии и поголема пристапност. Во таа смисла во ноември сопственикот на “Фејсбук” Марк Цукерберг предвиде дека перцепцијата на напредната три-димензионална технологија сигурно ќе потрае некое време на пазарот.