Помалку важен ли е е муслиманот?

од desk3
83 прегледи

Бел Американец, кој се декларирал како заколнат атеист, застрела сред бел ден тројца муслимани. Медиумите во САД информираа за трагедијата едвај еден ден подоцна. Зошто?

SIP

Трагедијата се случи во вторникот во универзитетскиот град Чапел Хил во државата Северна Каролина. 46-годишниот Американец Крег Стивен Хикс застрела сред бел ден тројца млади муслимани – еден студент на 23 години, 21-годишна сопруга и нејзината 19-годишна сестра. Двете жени носеле муслимански шамии. По убиството Крег Стивен Хикс се предал сам на полицијата. Без притоа да посочи мотив за делото .
Се тврди дека причина за убиството е соседски спор за паркинг место. Според сопругата на Хикс, делото на мажот и немало никаква врска со религијата, која ја исповедале жртвите, а сопругот од доста време се карал со нив за предметното паркинг место. Само што во животот и размислувањето на Крег Стивен Хикс религијата – не само муслиманската – очигледно игра суштинска улога, при тоа негативна.На Фејсбук тој пишува дека муслиманите и христијаните носеле подеднакво голема вина за проблемите на Блискиот Исток. “Има само еден излез и тој е во атеизмот”, пишува на неговиот профил на Фејсбук, каде е објавена и слика, на која се гледа наполнет револвер.

Таткото на двете убиени жени е убеден дека неговите ќерки биле застрелани токму затоа што се муслиманки. “Тој не мрази заради религијата и поради начинот на кој изгледаме”, споделила една од жртвите неколку дена пред убиството.

“Што ќе беше реакцијата, ако убиецот беше муслиман?”

Од Советот за американско-исламски односи се исто категорични: “Тројцата муслимани беа убиени, бидејќи се муслимани”. На сличен начин реагираше и Централниот совет на муслиманите во Германија. Претседателот Ајман Мазиек праша каква ли ќе е реакцијата на јавноста, ако не жртвите, туку убиецот беше муслиман.

Претставниците на муслиманската заедница во САД се шокирани не само од самиот убиство, но и од фактот дека американските медиуми почнаа да известуваат за случајот едвај следниот ден, а при тоа одново се премолчува дека жртвите се муслимани. Многумина веруваат дека тоа е показател за двојниот морал спрема муслиманите, а коментатори на Твитер со горчина ја споредуваат реакцијата на западните медиуми и политичари со исламистички напад во Париз со премногу ограничениот и задоцнетиот одек по тројно убиство во Чапел Хил.

Јасно е, пишува во публикација за Ал Џезира проф. Мохамад Елмасри од Универзитетот Северна Алабама дека западните медиуми свесно или не ги зголемиле негативни чувства српрема исламот: “Медиумите често го претставуваат муслиманите како зли луѓе и склони кон насилство, како фундаменталисти и како закана за западната цивилизација. Кога муслимани убиваат христијани, Евреи или претставници на други религии, веднаш се вели дека виновна е религијата на сторителот, односно – исламот. Кога сепак Евреи или христијани убиваат муслимани, религијата на сторителот не игра никаква улога “, посочува Елмасри.
“Не отстранувајте на оган со оган!”

SIP2

Тројцата убиени во Чапел Хил биле верници муслимани. Не е познато да имале какви било врски со екстремисти. Се занимавале со добротворна работа – собирале донации за сириските бегалци во Турција. Градоначалникот на Чапел Хил Марк Клајншмит ги нарече “пример за нашата заедница”. А во коментар за “Хафингтон пост” новинарот Итан Кејси наведува дека како и повеќето муслимани во САД, тие систо така сакале само да водат сосема нормален живот. “Само што за жал не е исклучено некои муслимани да тргнат да се одмаздуваат поради злосторства извршени од заблудени и безумни како сторителот во Чапел Хил. Ова ме тера да се плашам. Се плашам сепак и од друго – имено, дека муслиманските заедници во САД ќе бидат подложени на уште посилна стигматизација “, пишува Кејси. Муслиманите сами ќе си извлечат заклучоци од трагедијата во Чапел Хил, но какви и да се овие заклучоци, тие во никој случај не смеат тивко да поднесуваат неправди, истакнува уште новинарот.
Барем во својата тага муслиманите во Чапел Хил не се сами. На денот по тројно убиство во близина 2 000 лица се вклучија во жалосна поворка во спомен на жртвите. “Не отстранувајте оган со оган!” – Повика на таа поворка братот на една од жртвите.