Помфрит од сладок компир со сос од лук и краставица

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Помфрит со сосови за многумина е идеален додаток на оброците или „ужина“. Сепак, времето на постот ни нуди одлична замена за ова јадење, а рецептот сигурно ќе ве воодушеви.

Се работи за помфрит од сладок компир со посен сос од лук и сос од кисели краставички. Самата комбинација звучи феноменално, а вкусот брзо ќе ве освои и веројатно ќе го замени класичниот помфрит.

Состојки за помфрит:

* 4-5 слатки компири
* црвен пипер
* оригано
* сол
* маслиново масло

За сосот:

* лажица брашно
* бибер
* чаша вода
* 2 средни кисели краставички
* 2 чешниња лук
* сол
* оригано или копар по желба

Подготовка на помритот од сладок компир и посен сос:

Прво го подготвуваме помфритот.

Измијте го слаткиот компир и може да ја излупите кората или не. Исечете го на долги стапчиња, дебели околу еден сантиметар.

Стапчињата наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Треба да има мал простор меѓу нив – важно е тие да не се преклопуваат.

Во тенок млаз прелијте ги со малку маслиново масло. Одозгора ставете многу малку црвен пипер и зачини.

Помфритот се пече на 180 степени околу 15 минути. Обрнете внимание на бојата. Кога ќе истече времето, превртете го или измешајте со лажица на плехот и вратете го да се пече седум до десет минути.

Сега е време да го подготвите сосот кој ќе го подобри помфритот.

Краставиците ситно исечкајте ги и оставете ги на страна. Ситно исецкајте го и лукот, по можност изгмечете го.

Во сад измешајте брашно и вода. Ставете на загреана рингла да се готви со постојано мешање. Кога ќе почувствувате дека смесата се згуснува, додадете оригано, бибер и малку сол. Додадете го лукот и мешајте на шпоретот уште една минута. Тргнете го од оган и додадете ги киселите краставички. Се добро измешајте. Ако сакате, можете да додадете 2 лажички посен мајонез за текстура и вкус. Секогаш можете подоцна да додадете краставици и кромид, доколку е потребно.

Послужете ги помфритот и сосот заедно и уживајте.

На здравје!

Слични содржини