Помилуван директорот на Самсунг, кој беше во затвор поради мито

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го помилува потпретседателот на „Самсунг Електроникс“, Ли Џае Јонг за да помогне во надминување на „националната економска криза“, соопшти денеска јужнокорејското министерство за правда.

Помилувањето е главно симболично, бидејќи Ли веќе е на условна слобода откако отслужи 18 месеци затвор за нудење мито додека беше на чело на најголемиот светски производител на паметни телефони и мемориски чипови, пишува „Ројтерс“.

Министерот за правда Хан Донг Хун рече дека владата, поради итна потреба да се надмине националната економска криза, „внимателно избра економски лидери за помилување кои го водат националниот мотор за раст преку активни инвестиции во технологија и отворање нови работни места“.

Слични содржини