Поминувате повеќе време на Facebook и Instagram? Виновен е нов алгоритам заснован на вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba
592 прегледи

Компанијата Meta, се чини, успеа да најде начин дополнително да го задржи вниманието на корисниците на Facebook и Instagram, а тоа е алгоритам заснован на вештачка интелигенција.

Откако беше воведен алгоритмот, времето кое корисниците го поминуваат на овие социјални мрежи значително се зголеми, се пофали компанијата на Закерберг минатата недела. Имено, времето кое корисниците го поминуваат на Facebook се зголемило за околу осум отсто, додека тој процент за Instagram е помал, но сепак значителен – шест отсто.

Челниците на Meta ги спомнаа само процентите, а не и зголемувањето на конкретното време што сега корисниците го поминуваат на тие мрежи. Според предвидувањата на експертите од eMarkter, тоа зголемување би можело да изнесува 10 до 15 часа повеќе во текот на една година, пренесува The Independent.

Закерберг има повеќе планови за својата социјална мрежа и вештачката интелигенција, па минатата недела при објавувањето на кварталните резултати најави дека се надева дека ќе додаде категорија на содржини на Facebook и Instagram која целосно ќе биде генерирана од вештачката интелигенција.

Слични содржини