Германија исплати 25 милиони евра помош за преживеаните од Холокаустот кои станаа жртви на последната војна во Израел, беше објавено во четвртокот во Берлин.
„Во итна ситуација за преживеаните од Холокаустот, оваа исплата треба да претставува гест на солидарност и поддршка од Германија кон Израел“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Министерството дополнително објави дека станува збор за „небирократска итна ситуација“ во „страшни“ времиња.
Многу преживеани од холокаустот беа, како што понатаму се соопштува, особено тешко погодени од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври минатата година.
„Многумина останаа без покрив над главата или без помош од други“, беше објавено.
Плаќањето се врши со помош на Jewish Claims Conference, организација која се занимава со исплата на компензација на преживеаните од Холокаустот и израелските власти, кои одредуваат кој ќе ја добие помошта.
Секој од 113.000 преживеани од Холокаустот кои живеат во Израел ќе добие еднократен грант од 220 евра, а исплатите започнаа во март.
Претседателот на Jewish Claims Conference, Гидеон Тајлор, ја поздрави исплатата на германската влада.
„Оваа симболична исплата на преживеаните од Холокаустот кои живеат во Израел е порака за солидарност“, заклучи Тајлор.
Десетици илјади граѓани, вклучително и преживеани од Холокаустот, беа протерани од израелските градови долж границата со Појасот Газа.