Францускиот претседател Емануел Макрон зборува многу за неговите планови да разговара со рускиот лидер Владимир Путин, но се уште не презема вистински чекори, изјави денеска помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков.
„Тој (Макрон) зборува многу за тоа дека сака да одржува контакти, дијалог со Путин, но се уште не презел вистински чекори во тој контекст“, рече Ушаков, пренесува „Известија“.
Макрон вчера изјави дека одржува контакти со Путин и верува дека преговорите се единствениот начин да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.