Помошта за Украина во борбата против рускиот напад не треба да му наштети на буџетот на Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарија се противи на намерата да се насочат 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ за помош на Киев и обезбедување пари за други задачи, како што е борбата против илегалната миграција, објави Ројтерс.
Лидерите на ЕУ ќе се состанат на 1 февруари на самит за да разговараат за ова прашање.