Главна тема при втората средба на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе биде контролата врз денуклеаризацијата на Пјонгјанг.

Ова го изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во интервју за CNN.

Потсетуваме на средбата  Трамп и Ким оваа недела во Виетнам. Се планира да започне состанокот на 27 февруари и да продолжи следниот ден. 

Првиот самит меѓу САД и Северна Кореја се одржа на 12 јуни 2018 година во Сингапур. Тогаш Трамп и Ким потпишаа заеднички документ кој предвидува нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров во замена за американските безбедносни гаранции.