Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, кој не го признава изборниот пораз на Доналд Трамп, наскоро ќе посети неколку сојузници на САД во Европа и на Блискиот исток, кои му ја честитаа победата на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември.
Помпео во петокот заминува од Вашингтон за Франција, по што ќе ги посети Турција, Грузија, Израел и тројцата сојузници во Заливот – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар.
Сепак, таа турнеја може да се претвори во дипломатски неуспех, проценува агенцијата Франс Прес, наведувајќи дека многу земји во кои ќе оди Помпео веќе му честитале на Бајден.
Помпео има ист став како републиканскиот претседател во заминување, кој одбива да признае дека ги загубил изборите, споменувајќи ги веќе изборните измами.
Државниот секретар на САД, покрај најавата за турнејата, пред новинарите изјави дека ќе има „непречена транзиција“ на власта во Соединетите држави, но „кон втората администрација на Трамп“.