Поништена акредитацијата на факултетот за здравствени науки на Мерко

од Milan1
2,7K прегледи

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

-Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Меѓународниот универзитет во Струга е дел од Еуро колеџ кој е во сопственост на еден од синовите на Мерко. Владата на седница на 9 април даде согласност за основање на факултетот, која во службен весник е објавена на 15 април за време на предизборната кампања со потпис на техничкиот премиер Талат Џафери. Мерко и неговото семејство веќе една година се на црната листа на САД.

Слични содржини