Бугарското здружение во Богданци, кое требаше да го носи името на Цар Фердинанд, официјално добило известување дека е отфрлено од Централниот регистар.
Според образложението од Централен регистар тоа е направено поради неотстранување на недостатоци.
„Заклучокот се донесува поради тоа што поднесителот на пријавата во законски определениот рок, не ги отстрани недостатоците наведени во уредно доставеното известување од 12.10.2022 година“, се вели во одговорот од Централен регистар.