Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

од Radmila Tasevska
295 прегледи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно и за 0,2 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба претходниот месец продажните цени на производителите на индустриски производи во јули се пониски во групите Енергија за 1,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1 и Капитални производи за 0,4 отсто.

Во споредба, пак, со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1  и Капитални производи за 5,2 отсто.

Слични содржини