ПОНУДА ЗА 45.000 СИРИЈЦИ: Данска плаќа 27.000 евра за секој Сириец кој доброволно ќе се врати во татковината

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Доколку доброволно се вратат во својата татковина, Данска на секој возрасен Сириец во просек му плаќа по околу 200.000 дански круни или 26.818 евра по тековниот курс. За секое сириско дете Данска плаќа 50.000 круни или околу 6.700 евра.

Ова ексклузивно го објавува германски „Билд“ повикувајќи се на изјавата на данската министерка за интеграции Каара Дибвад Бек, пренесе „Феникс-магазин“.

Во изјава за „Билд“, Дибвад Бека рече: Од 2015 година, нешто повеќе од 5.100 Сиријци емигрирале од Данска. Од нив, од 2019 година, со данска финансиска поддршка, како дел од законот за репатријација, речиси 600 Сиријци со легален престој во Данска доброволно се вратиле во Сирија.

– Се надевам дека, со оглед на новите случувања, уште повеќе луѓе ќе ја искористат оваа понуда, изјави Дибвад Бек.

Од 1 јануари 2024 година, во Данска живееле околу 45.000 имигранти со сириско потекло, вклучувајќи околу 28.000 возрасни и 17.000 деца.

Доколку сите Сиријци ја напуштат Данска наеднаш и ги земат понудените пари со себе, тоа би било скапо за Данска, пишува „Билд“ и додава дека станува збор за 750.904.000 евра за возрасни и 113.900.000 евра за деца.

Значи, вкупно тоа би било околу 865 милиони евра, пишува германскиот весник, нагласувајќи дека тоа се „многу пари за мала земја како Данска“.

Но, бидејќи многу Сиријци во Данска не работат, финансиски е поисплатливо Данска да им ги исплати тие пари за да се вратат во Сирија.

Интересно е што сумата што им се нуди на сириските бегалци од речиси 27.000 евра по возрасен не е критикувана од ниту една партија од данскиот центар.

Слични содржини