Понудата на Макрон до Путин наиде на остри критики, но и поддршка од клучните партнери

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Властите во Киев, балтичките земји, Полска, Шведска и Финска остро го осудија предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, Западот да ѝ обезбеди безбедносни гаранции на Русија за да се стави крај на војната во Украина.

Но, имаше и гласови на поддршка за Макрон меѓу западните сојузници и толкувања дека тоа е резултат и од неговите разговори со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон.

По размената на мислења со Макрон, Бајден стави до знаење дека е „подготвен да разговара со (рускиот претседател Владимир) Путин доколку е заинтересиран да стави крај на војната, иако, како што додаде, тоа се уште не го видел.

Германскиот канцелар Олаф Шолц деновиве разговараше телефонски со Путин и рече дека Европа треба да се врати на „мирниот поредок пред војната“ со Русија и дека „треба да се решат сите заеднички безбедносни прашања“, под услов Путин да ја изрази својата подготвеност да се откаже од војната и заканите за соседите.

Макрон за француските медиуми изјави дека „со Бајден разговарал за безбедносната структура за утре“, а шефот на Елисејската палата претходно посочил дека е невозможно да се изгради нов безбедносен поредок во Европа без договор со Русија.

Тој исто така рече дека наскоро има намера да разговара со Путин, како и дека „Западот ќе мора да најде одговор на барањето на Москва за безбедносна гаранција и загриженоста на Кремљ во врска со проширувањето на НАТО на исток и заканата за Русија“ доколку Москва се согласи да ја прекине војната и да преговара за мировно решение.

Лидерите на властите во Киев беа најстроги во осудата на предлогот на Макрон и нагласија дека тоа ќе биде можно само кога одговорните во Русија ќе бидат осудени за злосторства во војната, која мора да заврши со победа на Украина.

Шефот на шведската дипломатија, Тобијас Билстром, изјави дека „Русија мора да биде поразена на бојното поле“, а чешкиот весник „Еко 24“, меѓу другото, истакна дека „безбедносните гаранции како што ги гледа Кремљ ќе значат дека Украина никогаш нема да биде дел од западните структури со веројатно прифаќање на припојување на нејзините територии“ кон Русија.

Шефот на француската држава, сепак, изјави дека прашањето за „стравот на Русија дека НАТО ќе дојде на прагот на Русија и дека распоредувањето на оружјето на НАТО ќе ја загрози Русија мора да биде дел од мировните преговори… но мора да утврдиме и како ќе ги заштитиме нашите сојузници“.

Поголемиот дел од германските медиуми се крајно резервирани кон мировните преговори кои би ја изоставиле одговорноста на Русија за војната, иако угледниот берлински портал „Евроинтелигенс“ го поставува прашањето „дали можеме да ги игнорираме безбедносните интереси на Русија“ и заклучува дека „мировниот договор мора да содржи безбедносни гаранции за Москва, како и санкции“.

„Но“, додава тој, „се разбира, тоа мора да вклучува и безбедносни гаранции за Украина и сите други на руските граници“.

Од другата страна на Атлантикот веќе се слушнаа многу авторитативни мислења дека е потребно да се размислува за мировни преговори за да се запре украинската војна, а со тоа и началникот на Генералштабот на Армијата на САД, генерал Марк Мили, изјави дека ниту Украинците ниту Русите „не може да ја победат другата страна“, а војната се заканува да прерасне во долг рововски конфликт со огромни жртви како Првата светска војна.

Иако неговото мислење не е многу почитувано во Америка, мислењето на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер дека „тајната за стабилизирање на односите со ривалските сили лежи во тоа што сите се чувствуваат безбедно, дека не се загрозени од ривалите, а во последниве години, спротивно на тоа САД не успеаја да ги смират своите противници, особено Русите“.

Слични содржини