„Понудата важи ограничено време“: Кадиров му понуди работа на Зеленски

од Nikola Popovski
491 прегледи

За време на прошталниот говор пред војниците на Руската Федерација во Грозни, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му понуди на украинскиот претседател Владимир Зеленски хонорарна работа на телевизија.

„Штом Зеленски одговори на нашиот повик да го прекине отпорот и да седне на маса за мировни преговори, ќе му дадеме таква можност. Можеме дури и да организираме посебно шоу во Грозни“, напиша Кадиров на својот профил на Телеграа.

Според Кадиров, таква понуда била дадена на барање на негов сонародник, кој сега учествува во „специјалната операција“ во Украина.

„По завршувањето на воената операција поранешниот претседател на Украина ќе мора некаде да заработи, а Ајуб бара да му се даде шанса да игра во репрезентацијата на Чеченија во Клубот на веселите и снаодливите“, рекол Кадиров пред присутните.

Тој додал дека неговата понуда важи ограничено време, бидејќи „после ќе биде доцна“.

Слични содржини